Заводниците точно знаат со што да го излудат мажот, во кој момент да употребат провокативен поглед или насмевка, како да седнат и што да кажат. Ако добро го познавате спротивниот пол, не е тешко да се биде заводничка. Мажите сакаат кога жената…

Става сјај на усните.
Мажите ги излудува кога усните на жената се сјајни и влажни, бидејќи тоа ги асоцира на секс. Уште ако од време на време, таа со јазикот спонтано помине преку нив…

Готви само за нив
Тој тогаш се чувствува како крал. Идеално е кога наместо чинија го употреби своето тело или пак кога ќе му го сервира оброкот во секси долна облека или пак без неа.

Не носи градник
Мажите многу повеќе се возбудуваат кога преку тесната маичка се надѕира по нешто отколку кога дамата носи деколте до ,,папокот”.

Флертува
Црвенилото во образите на девојката и срамежливиот поглед под веѓите веќе одамна се минато. Во време на флерт најважно е да се биде добар играч, а посилниот пол обожува жени кои возвраќаат со иста мерка на провокативните погледи и безобразни коментари.

Не користат премногу шминка
Жените без шминка делуваат ранливо и детинесто, додека пренагласената шминка и на преубава жена повеќе го одбива отколку што го привлекува посилниот пол.

Пцуе
Има нешто секси во тоа кога убавата дама сочно ќе опцуе. На мажите тоа им е понекогаш симпатично само доколку тоа и се случува ретко.

Вежба
Кога жена ќе му спомне на мажот дека посетува фитнес или аеробик тој веднаш ќе почне да ја замислува во најразлични пози во тесна облека додека забрзано дише, а потта се слева по нејзиното тело.

Кога ќе ѕирне во нејзината интима
Искусните заводнички знаат дека ќе го излудат мажот доколку, како божем случајно, додека ја префрлуваат ногата преку нога, дозвлат да им се види тантелестиот раб од чорапите или под маичката им падне прерамката од градникот.

Сака порно филмови
Жените обично се згрозуваат од се што е поврзано со порнографија и таквото ,,лицемерие” на мажите им е веројатно здодеано. Големо уживање за нив претставува додека порно филмовите ги гледаат во женско друштво, без оглед дали потоа ќе следи секс или пак не.