x

Фленсбург не знае за победа во Скопје, токму од овој тим почна вардаровата европска бајка

vardar-flensburg

Вардар 1961 и Фленсбург немаат долга историја. Имаат одиграни четири натпревари, три завршиле во корист на македонскиот тим, додека еден го добил германскиот клуб.

Фленсбург е асоција за почетокот на убавите европски денови на Вардар 1961 во Лигата на шампионите. Токму првата година кога „црвено-црните“ ја освоија титулата во Келн, билетот за Ф4 го заверија преку овој противник.

На 27 април 2017 година СЦ „Јане Сандански“ еруптираше, се славеше првиот пласман на фајнл-фор завршницата. Тогаш под водството на Раул Гоназлез во Келн, македонскиот клуб беше аутсајдер. Падна Барселона, а потоа ПСЖ во финалето, Македонија почна да ги живее шампионските денови. Во оваа бајка веќе сме три години.

Што се однесува до традицијата, Фленсбург не знае за победа во Скопје, двата гостувал, двапати бил совладан. Иако трибините ќе бидат празни, сепак од таборот на македонскиот тим сметаат дека домашниот терен сепак ќе биде предност.

Натпреварот е закажан со почеток во 20:45 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата