x

ФК Работнички дел од „Сончогледи под сонцето“

129700425_10158637951047870_6102847699290475980_o

Фудбалскиот клуб Работнички го одбележува 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Како клуб со изразена социјална одговорност ФК Работнички се приклучува кон иницијативата „Сончогледи под сонцето” покрената од здружението Рилука од Битола и Хуманитарната организација Свети Спас.
По тој повод, на дерби натпреварот против ФК Вардар в недела, фудбалерите на нашиот клуб ќе истрчаат на теренот со посебно дизајнирани маички, со порака за поддршка на лицата со посебни потреби.
„Да ја препознаеме сончогледовата лента, да ги забележиме лицата со невидлива попреченост и да ѝ дадеме предност на сончогледовата лента“…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата