x

ФИФА нема да ја истражува Русија за корупција

Откако денеска американското обвинителство објави нови податоци за корупција при изборот на домаќин на светските првенства во фудбал во Русија и Катар, ФИФА излезе со став дека нема да ја продолжи истрагата за Русија која беше домаќин на Светскиот куп пред две години.

И за Русија и за Катар постоеја бројни индиции дека со потплатувања успеале да ги добијат гласовите за организација на најголемиот спортски настан. Од ФИФА велат дека ја следат истрагата за Катар кој ќе биде домаќин на СП во 2022 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата