x

ФИФА: Клубовите сега можат и да не ги пуштат играчите да играат за своите репрезентации!

fifa-apel-1200x640

Во време на пандемијата на Ковид-19, ФИФА  донесе ново правило во врска со играчите на клубовите, кои се повикани да настапат за своите репрезентации, а со тоа се запознаени сите нејзини 211 членки. Имено ова правило важи за следните 90 дена, односно за цела 2020 година. А тоа е дека ако еден играч добие повик од својата репрезентација, клубот може и да не го пушти, и нема за тоа да сноси никакви санкции. Ова е интересно зошто во минатото се знаеше, секој оној клуб кој нема да го пушти својот играч да заигра за својата репрезентација, ќе добие жестоки казни.

Ова се прави со цел да не се шири заразата од Ковид-19, и важи за одреден дел на играчи и клубови. Имено ако клубот се наоѓа во земја во која државните власти наметнале задолжителен карантин за влез и излез од најмалку пет дена, како и за играчи кои одат во својата матична земја мора да бидат при влез најмалку пет дена во карантин.

Секако дека ова ќе донесе забуна, но ФИФА смета дека ова е добра мерка во време на Ковид-19.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата