x

ФИФА доживотно суспендира руски фудбалер

ajdov-e1605548676453

Рускиот одбранбен фудбалер Димитри Ајдов е отстранет од фудбалот доживотно, соопштии „Пресбол“, цитирајќи ја одлуката на ФИФА. 38-годишниот фудбалер нема да може повеќе да се занимава со фудбалска дејност на било која страна на светот. Забранети му се учевства на секакви турнири организирани од ФИФА и првенства на држави членки на Светската фудбалска куќа исто така не може да работи ни како тренер, менаџер, директот и слично.

По истрагата на договорени натпревари во белорускиот шампионат е откриено два случаи на Гомел за кој играше Ајдов. Тој е единствениот санкциониран од оваа екипа.

Докажано е дека за мечот со БАТЕ на 13 јуни 2018 година (0:3) Ајдов добил 12.000 долари за да се потруди неговиот тим да загуби, а за поразот од Динамо Брест на 29 јуни 2018 година добил 10.000 долари. И во двата случаи посредник во зделката бил поранешниот фудбалер Виктор Боровицки.

Ајдов играше за Гомел во 2017 и 2018 година. Исто така играше за Арсенал Тула, Анжи, Торпедо Москва, Волга и Нижни Новгород.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата