Генералниот секретар на ФИФА Жером Валке е суспендиран и сменет од сите негови функции, потврди светската фудбалска федерација.

Во соопштението се вели дека суспендирањето на вториот човек во ФИФА, е донесено откако во еден весник беа изнесени сериозни обвинувања против Валке, за тоа дека бил вклучен во шема за продавање на влезници за светските фудбалски првенства, по цена над нивната вистинска вредност.

Минатиот месец тој откри дека ја испитува можниста да се кандидира за наследник на претседателот Сеп Блатер, кој во јуни годинава соопшти дека се повлекува од функцијата, само четири денови откако беше по пети пат реизбран на функцијата.