x

ФИФА го олеснува патот за обезбедување натурализирани репрезентативци

jorginho-italy

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да го промени правилото за настап на натурализирани фудбалери во фудбалските репрезентации. Во моментов, играчите не можат да играат за втора репрезентација ако претходно имаат одиграно барем еден официјален натпревар за својата матична репрезентација.

Новото правило за кое се дебатира во ФИФА ќе им овозможи на играчите да ги менуваат националните тимови ако имаат одиграно не повеќе од три меча за сениорската репрезентација, вклучително и квалификациски натпревари, но пред да наполнат 21 година. Паузата меѓу настапот од едната до другата репрезентација треба да биде најмалку 3 години.

Во исто време, нема да биде можно да се промени фудбалското државјанството ако некој веќе има настап на завршницата на континенталните првенства или светското првенство. ФИФА исто така предлага да им овозможи на играчите да се вратат во својата прва репрезентација доколку никогаш не играле ниту една секунда за втората репрезентација за која земале државјанство.

Новото правило ќе стапи на сила следниот месец ако 211 национална федерација го одобри на Конгресот на 18 септември, што ФИФА ќе го одржи преку видео-врска од Цирих.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата