x

Фиорентина ги посрами шампионот среде Торино и му нанесе прв сезонски пораз (ВИДЕО)

ronaldo-so-fiorentina

Во очајна фудбалска престава, италијанскиот шампион Јувентус вечерва на својотс тадион го претрпе првиот сезонски пораз во Серија А. Фиорентина, која, не знаеше за пораз на 8 последователни меча во елитата, вечерва успеа да ги посрами ѕвездите на „Старата Дама“ совладувајќи ги во Торино со 3:0.

Гостите кои мотивирани влегоа на ова гостување, поведоа уште во 3. минута со голот на Душан Влаховиќ, по што Јувентус се соочи со нова невоља. По еден несмасен старт во 18. минута, директен црвен картон доби Куадрадо, по што домашните останаа со играч помалку.

 

Јувентус од тој момент како да загуби компас. Не успеваше да креира шанси за израмнување, па на полувреме се замина со 0:1. Во вториот дел кога домашните требаше да притиснат, стигна втор гол за „виолетовите“, овој пат автогол на Бонучи. Во завршницата дојде и третиот удар за шампионот, откако Касерес во 81. минута и третпат го совлада Шчесни.

ЈУВЕНТУС – ФИОРЕНТИНА 0:3

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата