x

Фиорентина во јануари ќе се обиде со „отпишаниот“ Милик

milik

Фиорентина е во сериозна резултатска криза во Италија, а ниту враќањето на Џезаре Прандели на клупата на „виолотевите“ не смени многу. Така Фиорентина во јануари ќе прави мал ремонт, а се чини дека „чкрипи“ во нападот. Па, Фиорентина ќе се обиде да го доведе Аркадиуш Милик, напаѓачот кој е отпишан од тимот на Наполи, и не игра во тимот на „наполитанците“.

Милик не би имал ништо против да се пресели во тим каде што ќе игра, меѓутоа во прашање е колку ќе дојдат до заеднички јазик околу платата. Полјакот, сепак, би можел да биде позајмен до крајот на сезоната, со можност за откуп. А, се чини, дека и Милик би сакал да најде тим каде што ќе игра, со цел да избори место во полската селекција за ЕП идната година.

Милик летоска беше блиску до Рома, а потоа се поврзуваше и со Јувентус, но Јувентус наместо Џеко го донесе Мората, а Босанецот остана во Рим, и тоа значеше дека Полјакот ќе мора да си остане во Наполи, иако знаеше дека ќе нема иднина во тимот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата