Шиитско-муслиманската џамија „Мелунмаки“ во источниот дел на Хелсинки беше вандализирана не еднаш, туку двапати во една недела со испишување графити на нејзината фасада кое се совпадна со нападите врз исламската религија, објави националниот радиотелевизиски сервис „Иле“.

На два последователни дена минатата недела, натписите „силувачи“ и „е** ги исламот“ се појавија на надворешната страна од молитвената сала на хуманитарната организација „Саламат“.

Извршителот на делото, наводно, бил снимен од камерите, но неговото лице е сокриено со качулка, велат официјални лица од заедницата.

„Навистина не сме доживеале вакво нешто порано, но во последниве неколку години ваквите дејства стануваат редовна појава.Понекогаш имаме и два случаи на вандализам во иста недела, како неделава. Нашиот веб-сајт исто така е хакиран, испратени ни се смртни закани, застрашувањата никогаш не завршуваат”, вели Пола Кемел, претседател на одборот на „Ресалат“, најголемата организација на заедницата на шиитите во Финска, изразувајќи надеж за остри мерки против говорот на омраза во Финска.

Бидејќи вандализмот се совпадна со масовното пукање во две џамии во Нов Зеланд, тоа предизвика страдање и страв кај муслиманската заедница во Хелсинки, пишува „Хелсинки тајмс“.

Ѕидовите на џамијата биле исчистени со тимски напор. Освен посетителите на џамијата, и претставници на неколку различни религии се пријавиле да помогнат во чистењето.

извор: Makfax