Учесниците на Фин Хакатон без престан, веќе 42 часа, работат во Министерството за финансии на развивање на веб апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓанскиот буџет. Минатата вечер натпреварувачите ја минаа во подготовки на презентациите, кои денес ќе ги претстават пред жири комисијата.

Денес е финалето на Фин Хакатонот и ќе се прогласат победниците кои ќе добијат 1,5 милиони денари и можност да започнат сопствен бизнис.

Фин Хакатонот е во организција на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој. Како што беше истакнато на отворањето на настанот, целта е да им се даде можност на младите луѓе да развијат идеи и производи, кои ќе им помогнат во нивната професионална афирмација, но и ќе послужат на целата македонска јавност.

Од Министерството за финансии истакнаа дека се решени да одат чекор понатаму во транспарентноста во јавните финансии, така што формата на Граѓанскиот буџет ќе биде креирана од самите граѓани. На тој начин, велат од Министерството, тој ќе стане попристапен и поразбирлив за сите.

извор: Makfax