x

ФИНАЛЕ НА ЛШ: Што велат фактите пред големата лисабонска пресметка?

brojki-final-ls

Во пресрет на вечерашното финале во Лисабон по кое ќе го имаме новиот европски клупски шампион, еве дел од најинтересните статистички податоци кои е добро да се знаат пред почетокот на 65-тото финале во Лигата нампионите на УЕФА.

Goal Full EmoticonБаерн постигна 42 гола на 10 одиграни натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите, резултат кој досега го има надминатосамо Барселона во сезоната 1999-2000 кога успеа да постигне 45 гола во цела сезона. Каталонците тогаш одиграа дури 6 меча повеќе од Баерн, кој со три гола вечерва ќе се израмни со постигнувањето на Барселона.

Paris Saint Germain Emoticon На 19 настапи во Лигата на шампионите за ПСЖ, Нејмар беше директно вклучен во 23 гола за својот тим, постигнувајќи 14 гола и асистирајќи за уште 9. Нејмар постигна гол во финалето во 2015 година во дресот на Барселона и може да стане само третиот играч кој има постигна гол во финале на ЛШ за две различни екипи, заедно со Роналдо (Манчестер Јунајтед и Мадрид) и Марио Манџукиќ (Баерн и Јувентус).

Soccer Ball EmoticonБаерн победи на сите минати 10 натпревари во Лигата на шампионите и бара да стане првиот тим во историјата Лигата на шампионите кој победил 11 меча по ред – претходните два случаи на тим кој победил 10 пати по ред беа самите Баерн (М) (од април до ноември 2013 година) и Реал Мадрид (од април 2014 до февруари 2015 година).

Soccer Emoticon Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, едноставно нема среќа на мечевите со Баерн. Против баварците, Тухел има загубено многу повеќе натпревари во споредба со кој било друг тим.

Soccer Shoe Emoticon Левандовски има постигнато 15 голови на Лигата на шампионите оваа сезона, два зад рекордот кој е дело на Роналдо од 2013-14 – 17 гола. Тој заедно со Серж Гнабри може да стане петтиот играч кој постигнувал гол во групната фаза, и во секој нареден нокаут-меч, вклучително и големото финале. Такво постигнување веќе направија Диего Милито (Интер, 2009-10), Лионел Меси (Барселона, 2010-11), Роналдо (Реал Мадрид, 2013-14) и Садио Мане (Ливерпул, 2017-18).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата