Холивудска филмска компанија е заинтересирана да сними филм за животот на познатиот англиски фудбалер Пол Гаскоњ, кој веќе една деценија има проблеми со алкохолот.

Како што објави лондонскиот весник „Дејли Мејл”, филмот би се викал „Газа – британскиот побеснет бик”, а поранешниот англиски репрезентативец и играч на Тотенхем и Њукасл од продажбата на правата за филмот би заработил околу милион фунти.

Според весникот, 47-годишниот Гаскоњ побарал него во филмот да го игра Шон Бин.
Гаскоњ има 57 настапи за англиската фудбалска репрезентација, а кариерата во професионалниот фудбал ја заврши во 2004 година, од кога постојано се бори се проблемите со алкохолизмот.