Србин (37) и Босанец (43) се уапсени и осудени пред судот во Варезе, Италија, на три години и четири месеци, односно три години и два месеци затвор за грабеж на продавница „Гучи“ кој се случил минатата година, откако украле стока вредна околу 200 000 евра.

Разбојништвото се случило на 11 ноември 2019 година во регионот на Ломбардија.

 Пред шест месеци, карабинерите успеаја да ги уапсат Србинот и Босанецот, жители на Милано, за кои се сомневаат дека се водачи на банда од четири лица.

Двајцата, во меѓувреме, ја признале одговорноста, пренесуваат италијанските медиуми.

На снимките од надзорните камери се гледа како разбојниците го возат автомобилот до излогот, а потоа влегуваат внатре и го започнуваат грабежот.

Четири маскирани мажи, облечени во црно, го пробиле прозорецот за точно четири минути и наполниле големи рибарски мрежи со паричници, вреќи, шалови и други предмети што ги крадат од полиците.

Идентитетот на другите двајца крадци сè уште не е познат.