За време на 85-часовниот полициски час, граѓаните ќе имаат можност да го погледнат филмот во режија на Радован Петровиќ, „Скопје 2020“, кој и според својата содржина донекаде се поклопи со моменталната ситуација во која се живее – со маски на лицето, луѓето се обидуваат да се справат, овојпат не се коронавирусот, туку со последиците од загадувањето.

Имено, станува збор за приказна за семејство што живее во Скопје, и се мачи со одлуката да се исели или да остане во родниот град.

Skopje2020 – short film, by Radovan Petrovic from Rasha Petrovic on Vimeo.

Филмот, кој досега се прикажуваше на фестивали, сега е достапен онлајн. Режисер и сценарист на краткиот филм е Радован Петровиќ, а продуцент е Роберт Насков.

Филмот беше прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“ минатата година, каде што ја освои првата награда од публиката во програмата „Макпоинт“. Беше прикажан и на „Синедејс“ во Скопје и на „Дрим шорт филм фестивал“ во Струга.

Филмот е во продукција на „Кино око“, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценографијата е на Сандра Чевреска и Симе Бранов, шминка – Ирена Сенокозлиоска, костимографија Жаклина Крстевска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а постпродукцијата се реализира во „ФX3X“ и „АудиоХаус“.

Во „Скопје 2020“ играат Верица Недевска, Зоран Љутков, Ториан Азгур, Анастасија Аневска, Катерина Коцевска, Стефанија Митовска, Петар Стојанов, Љубиша Гавровски, Дејан Ристовски, Ивана Петровиќ.

извор: Makfax