Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека вработена во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров во Скопје која имала симптоми на Ковид-19 била тестирана при што се покажало дека е заразена.

Контактирани се сите луѓе со кои жената имала комуницирала во изминатиот период. Ќе продолжи да се внимава на овој случај, затоа што во ваквите домови сите штитеници речиси се со хронични болни, а повеќето се и неподвижни, додаде Филипче.

Тој истакна дека во текот на наредната недела ќе се направи проверка на сите домови за стари лица во земјава, бидејки таму најчесто се сместни луѓе кои не се подвижни или пак имаат хронична слика. Поради што котролата ќе се зголеми.