И тестот на Заев, кој пристигнал половина час пред редовната прес-конференција на министерот Филипче, е негативен, но и тој следејќи ги мерките ќе оди во самоизолација во траење од една недела.

– Сите кои досега имале контакт и со Мицкоски и со Заев не се во ризик и не треба да се тестираат, ниту самоизолираат, рече Филипче, кој уште рече и дека денеска од Инфективната клиника си заминале тројца пациенти, а примени се двајца нови.

– На Инфективната клиника сега се лекуваат вкупно 66 пациенти од кои 8 се на механичка вентилација со тешка форма на болеста. Во „8 Септември“ има 21 пациент од кои 6 се на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани 4 со лесна форма на болеста. Во Штип, пак, вкупно 8 исто така со лесна манифестација на болеста. Во изминатите 24 часа направени се рекорден број тестирања, вкупно 496 од кои 48 се позитивни, рече Филипче.