Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција изјави дека денеска имаме дијагностицирани 5 нови случаи од кои 4 се здравствени работници од Дебар.

Тој истакна дека со ова вкупната бројка на заболени изнесува 31. Од петте заболени позитивен е тестото на сопруга на утрово веќе дијагностицираното лице од болницата „Жан Митрев“ кој беше и потврден.

Здравствените работници се од приватна здравствена установа во Дебар. Од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија да помогнат на останатите тамошни здравствени работници, изјави Филипче.