Она што загрижува според Филипче е непочитување на мерките за заштита, тој истакна дека е направен дополнителен надзор и востановени се низа неправилности.

– Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките се индикација за контроли за степенот на почитување на мерките, па се направи надзор во Тетово и во Штип. Во Тетово е забележано дека не се почитува самоизолацијата и сите изречени мерки како носење маски и држење дистанца, како во Тетово така и околните места. Во Штип, пак, востановено е непочитување на правилото за транспорт, рече Филипче на прес-конференцијата која е во тек.

Според него уште еден проблем е одбивањето на соработката од страна на пациентите кои не давале точни податоци, давале лажни адреси.

– Загрижува уште повеќе што има информации за граѓани кои и со решенија за самоизолација се шетаат, рече Филипче и побара поголеми контроли од МВР и санкции за тие кои не ги почитуваат мерките.

Тој уште порача и дека повторно ќе се воведат рестрикции, но таргетирани и тоа согласно бројот на новодијаностицирани. Сето ова ако епидемиолошката состојба го наложи.

– Будно следиме и ако треба повторно ќе воведеме рестриктивни мерки, рече Филипче.