– Последните нови студии од странство покажуваат дека дури до 90 отсто од пациентите кои се ставени на апарати за дишење завршуваат фатално, изјави вечерва во „Топ-тема“ министерот за здравство Венко Филипче, кој говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија. Филипче рече и дека бројот на пациенти со сезонски грип скокнал за 89-90 проценти и може да се испита дали некои имале коронавирус.

Ги анализиравме бројките на сезонски грип, во просек се 20 000, оваа година се 37 000, скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите се анализирале во присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот, рече Филипче.