Филипче вели дека ситуацијата засега не е променета од онаа кога беше прогласена пандемија и не се размислува за организирање на каков било друг настан, како што се избори

Во ниту еден момент од почеток на пандемијата не сме дискутирале за одржување на избори, ниту пак сега се дискурира, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање дали има услови за евентуално одржување на парламентарните избори кои требаше да се случат на 12 парил, но беа одложени поради кризата со коронавирусот.

Филипче тврди дека ситуацијата засега не е променета од онаа кога беше прогласена пандемија и не се размислува за организирање на каков било масовен настан, како што се избори.

„Во моментов сме фокусирани на борбата со епидемијата, за тоа како сметаме дека се движи кривата и се уште сме во фаза кога сите болнички капацитети и на матичните лекари се во приправност и во таа смисла е и одложувањето на хроничните случаи. Во овие мементи ситуацијата е иста со наредба за мобилизација и се уште го следиме бројот на случаите. Мислам дека се одлични резултатите. Во овој момент не се размислува за друго олабавување на мерките и со тоа за организација на друг настан како што се изборите“, рече Филипче.