Министерот за здравство, Венко Филипче, не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче по тој повод рече дека од почетокот на кризата работат професионално.

„Не внесовме политиканство во одлуките“, дециден е министерот.

Тој вели дека голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ немаат медицинска логика, па оттука им порача да ја држат политиката настрана.

„Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се слушеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите ковид-центри ќе беа инсталирани во целата држава“, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Струмица.

извор: Makfax