Македонија е една од ретките европски држави која не успеа да набави респиратори и прфесионална заштитна опрема за медицинарите и борбата против епидемијата со корона вирус се сведува на совети. Министерот Венко Филипче повтори денеска дека граѓаните треба да се внимателни и да држат растојание.

„Мора да продолжиме да внимаваме, да седиме дома, да држиме растојание и да носиме заштитна опрема. Да бидеме одговорни, да се заштитиме себе и нашите најблиски.

Добрите резултати, според Филипче, се заслуга на секој граѓанин кој останува доследен, ги почитува мерки и го штити јавното здравје, пишува Филипче во новата серија совети до граѓаните, со информации кои може да ги даде секој.