Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес -конференција посочи дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.

-Според податоците од СЗО, изминатата недела е забележан пораст на бројот на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.

Тој уште рече и дека поради напливот на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.

– Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостигот на кадар. Во моментот имаме активи 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен е 7%, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда На клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница. Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти, рече Филипче.