На Инфективната клиника во моментов се тестираат шестмина пациенти коишто веќе се хоспитализирани, а од кои тројца се во тешка здравствена состојба, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Еден од тие пациенти е со средна, а останатите двајца со лесна клиничка слика.

Како што информира министерот, тестовите што се прават кај нив треба да покажат дали тие се заразени или се носители на вирусот.