Состојбата со пандемијата кај нас се влошува како што завршува летото, ова е нешто што го најавувавме, рече Филипче на денешната прес-коференција. За таа цел тој најави низа мерки кои ќе спречат ширење на вирусот

– Задолжително носење маски и на отворено, силна контрола и казни за семејни прослави, намалување на капацитетите во угостителските објекти… со цел да не дојде до построги мерки, иако доколку дојде до влошување на состојбата нема да се превенира и карантинот како мерка, рече Филипче и најави дека за новите мерки јавноста ќе биде информирана во следните денови.