Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека намалувањето на рестриктивните мерки во комбинација со носењето заштитни маски всушност ќе значи зајакнување на превентивните мерки.

Ова намалување на рестрикцијата на движењето, во комбинација со носењето на заштитни маски всушност значи зајакнување на превентивните мерки. Таа прекривка на устата и носот, маска шал или марама, тогаш кога неможе да се оддржи физичката дистанца сметаме дека е клучна во превенцијата од ширењето на вирусот, рече Филипче.

Тој исто така ја нагласи и важноста од почитување на ваквите мерки со цел да бидат ефикасни и да се одржи ваквиот стабилен тренд на порастот на бројот на заразени.

Ова е исклучително важно сега да се почитува затоа што само така ќе го одржиме ваквиот стабилен тренд на епидемијата кој што го имаме до сега во смисла на линеарен пораст на пациенти, нагласи Филипче.