Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на Прилеп, каде со градоначалникот Илија Јованоски разговараа за актуелната епидемиолошка состојба во градот. Посетата следи по интензивните разговор кои министерот изминативе денови ги водеше со директорите на здравствените институции во Прилеп, како и првиот човек на општината.

Прилеп е во третина од градовите во нашата држава во кои се уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи поседните две недели, во однос на оние претходни две. Но, и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на папциенти кои доаѓаат за преглед и преием во болницата.

„Вчера информиравме детално за епидемиолошката состојба во земјата. На национално ниво достигнато е едно „плато“ изминативе три недели, односно еднаков е бројот на новодијагностицирани случаи во болниците, посебно во Скопје, а тоа го констатиравме и денеска за болницата во Прилеп. Тоа значи дека има благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и за прием. Мора да потенцирам дека со оглед на тоа што огромен број од прогнозите, не се остварија и тоа не само кај нас туку насекаде во светот, а тоа е поради непредвидливоста на вирусот, мора да бидеме претпазливи. Не сакаме да даваме никакви предвидувања во смисла дека се ова трендови, се уште чекаме да видиме каква ќе биде ситуацијата во следните денови. Но притисокот кој беше во првите денови од ноември, сега е намален“, изјави Филипче.

Во Прилеп нема потреба да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, посочи Филипче, бидејќи вака како што се димензионирани мерките даваат резултат. Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата за Прилеп, но и за сите останати градови низ дражавата и заклучокот е дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки.

„Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила. Во сите земји во Европа ваква комбинација на мерки даде резултат, а тоа е задолжителното носење на маски, забраната за групирање, елеминирањето на можноста да се групираат во угостителски објекти подолг временски период“, рече Филипче.

Министерот рече дека болницата во Прилеп е организирана, пациентите се сместени на 5 одделенија мобилизирани се сите лекари, медицински сестри помошно технички персонал. Тој ја поздрави иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата како би го покриле отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни и мора да бидат во излоација.

„Очигледно е дека матичните лекари се свесни за оваа ситуација и сакаат да дадат свој придонес да се намали притисокот кон здравствените работници кои што во овој момент работат навистина со намалена бројност заради нивните колеги кои што се заболени“, рече Филипче.

Министерот најави дека наскоро во Прилеп ќе започне тестирање со брзи тестови на пациенти како би се одредила патеката за нивно хоспитализирање, терк кој што веќе се применува во други болници низ државата.

извор: Makfax