Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека епидемиолозите имаат сериозен проблем семејството на починатиот скопјанец, за кого вчера постмортем беше утврдено дека бил позитивен на коронавирус, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Многу беше тешко да се пристапи до семејството, кое апсолутно одбивало контакт со епидмиолозите, како за организирање на погребот така и во однос на давање податоци за контактите и присутните на погребот, изјави Филипче.

Лицето починало завчера во приватна болница, по што семејството го зело од болница и го погребало според сите верски и народни обичаи, без да се почитуваат протоколите за КОВИД-19. Отпосле дознале дека посмртниот тест за коронавирус излегол позитивен.