„Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста“, порача министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Претходно надлежните информираа дека со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19 ( Скопје – 2, Куманово – 9,
Штип – 2, Тетово – 2,Велес – 1, Гостивар – 1 и Пехчево – 1).Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

извор: Makfax