Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека некои од клиниките се оптоварени а здравствените работници изморени и ваквата состојба бара постојан надзор и реорганизација. 

Инфективните одделенија и клиниките се оптоварени, дел од здравствените работници навистина изморени после четири месечна борба со коронавиусот. Состојбата на сите одделенија бара постојан надзор и реорганизација на работата, рече Филипче.

Филипче додаде дека здравствените власти заедно со директорите на болниците веќе имаат разработен план за распределба на пациентите.

Овој наплив во болниците треба да се издржи, за што имаме план кој веќе се спроведува. После овој период се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, истакна Филипче.