Дванаесет лица се тестираат од коронавирус. Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека станува збор за две лица кои пред 5-6 дена се вратиле здрави од Италија, а утрово развиле симптоми, потоа осум лица од Дебар – соседи на тројца заболени со коронавирус со кои живееле во лепенка и со кои имале интензивни контакти и по едно лице од Кочани и од Прилеп.

Резултатите се очекува да бидат готови за околу два часа.

Првата пациентка кај која беше дијагностициран коронавирус се очекува наскоро да биде пуштена од болница откако тестот за коронавирус се покажал негативен.

Филипче кажа дека останатите шест заразени со коронавирус се во стабилна состојба, со лесна клиничка слика.

Министерот кажа дека тестови во овој момент има доволно, но ќе се обезбеди резерва. Филипче кажа дека има и доволно распираторни машини и мобилни рентген апарати. „Сега за сега капацитетот на Инфективната клиника е доволен“, кажа министерот.

извор: Makfax