Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓните дека вакцините против коронавирусот се безбедени, дека се развиваат на веќе проверени платформи и дека истите се единствен начин да се победи пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира од 60% до 70% од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

„ Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите” истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

извор: Makfax