x

Филиповски и Митев дебитираа со победа на клупата на Партизан

saso-filipovski-partizan

Кошаркарите на Партизан го совладаа Задар на домашен терен со 78:63 во шестото коло од АБА-лигата што беше дебитантска победа за словенечкиот стратег со македонски корени, Сашо Филиповски. Тој и неговиот асистент, нашиот Боби Митев, имаа одлично отворање на тренерската работа во Белград, откако вечерва обезбедија значајна победа во Регионалната лига.

Хрватскиот тим добро се држеше речиси во текот на целиот натпревар, но Партизан го скрши отпорот на ривалот на крајот од третата четвртина. Пред Филиповски и Митев останува голем предизвик и низ натамошните настапи во Еврокупот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата