Чавез денес има 37 години, а последните 18 активно работи на промена на својот изглед, која, меѓу другото, вклучува и белење на кожата, „поправки” на носот и вилицата, липосукција…

Со години Чавез се повеќе наликува на филмскиот Супермен, но, се чини, дека на операциите им нема крај. Иако неодамна лекарите одбија да му вградат „железни стомачни мускули”, како оние што ги има филмскиот Супермен, затоа што Чавез пред планираната операција самиот си вбризгал илегална и потенцијално отровна супстанца наречена „МесоЛипо”.

Иако лекарите го предупредиле дека операцијата претставува опасност за неговото здравје, па и живот, Чавез инсистира на вградување стомачни мускули.

За неговата опсесија, која трае веќе повеќе од две децении и која го чинеше цело богатство, Чавез неодамна за „Дејли Мејл” изјави дека „не жали за ништо”.

 Зошто би жалел? Се што ми се случуваше во животот беше позитивно искуство токму благодарејќи на Супермен. Ќе престанам дури тогаш кога ќе почуствувам дека моето тело поеќе не може да го поднесе тоа или кога лекарите ќе ме предупредат на евентуална опасност поради годините, изјави Чавез за лондонскиот весник