Бил Гејт ја крена јавноста на нозе со неговите „пророчки“ изјави откако се појави коронавирусот. Покрај компјутерските вируси,  основачот на Мајкрософт се занимава со години и со реалните вируси. Неговата фондација со години финансира развој на вакцини. Овој компјутерски научник сега стана лидер на светската наука и гласноговорник кој предупредува на нови болести.

Тешко е да се оддели Бил Гејтс, бизнисменот од Бил Гејтс, филантропот, затоа што неговата хуманитарна работа е во можност да биде и во служба на бизнисот. Неспорно е дека тој припаѓа на глобалистичката политичка елита, која смета дека тој треба да продолжи да управува со светот, не прифаќајќи дека се менува, изјави за Спутник аналитичарот од Вашингтон, Обрад Кесиќ.

Гејтс – Заработува како бизнисмен или се однесува како филантроп

Гејтс претстави визија за постковиден свет кој, смета тој, нема да се врати во нормалниот живот со елиминирање на вирусот. Она што треба да биде утешна проценка на човекот кој предупреди на можноста за светска пандемија во 2015 година, е дека следната пандемија ќе биде помалку деструктивна затоа што ќе бидеме подготвени на неа, и нема да не фати неспремни како Ковид-19.

На прашањето како реагира американската, несомнено најсилната научна заедница во светот, на пораките испратени со авторитетен став од Бил Гејтс, аналитичарот од Вашингтон, Обрад Кесиќ, за Спутник изјави дека и таа е поделена.

Тој потсетува дека Фондацијата Гејтс е донатор на средства и на државните и на приватните научни центри и лаборатории, кои затоа често прифаќаат сè што ќе каже.

– Постои и група научници кои се критични спрема тоа каков бешше одговорот на пандемијата и затоа  не треба да ги следат препораките што доаѓаат од политичкиот и научниот мејнстрим поврзани со Гејтс, туку дека треба да започнат некои други постапки затоа што тие се одговорни за последиците кои ќе ги предизвикаат мерките, вели Кесиќ.

Тој додава дека се расправаат за секое прашање, вклучително и за тоа колку е опасен вирусот. На почетокот, како што забележува, беше речено дека тоа ќе резултира со три до четири проценти смртни случаи, а сега гледаме дека во САД се движи од нешто помалку од еден процент до нешто повеќе од еден процент, што може да се спореди со обичниот грип. Оттука и критиките кон научниците според проценките на Гејтс и главниот експерт во борбата против вирусот, д-р Фаучи.

– Кога го слушаме Гејтс, мора да имаме предвид неколку работи, а првата е дека тој е целосно поврзан со научници кои припаѓаат на политичкиот мејнстрим, не само во Америка, туку и низ целиот свет. Тие добиваат средства од неговата фондација и има судир на интереси, затоа не можеме да очекуваме да имаат критички став за каква било изјава што доаѓа од лицето кое ги финансира, посочува Кешиќ.

Судир на интереси

Некои аналитичари предупредуваат на тоа, вклучувајќи го и Вилијам Ендгал. Тој забележува дека Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е најголемиот приватен или невладин финансиер на Светската здравствена организација (СЗО) со исплата од огромни 324,6 милиони долари, што беше втора по големина, веднаш зад американската држава со износ од 401 милион.

Ендгал смета дека оваа финансиска поддршка е повеќе од обичен судир на интереси и дека тоа е де факто узурпација на агенцијата на ООН, која е одговорна за координирање на глобалниот одговор на предизвиците на епидемиите и болестите. Тој забележува дека Фондацијата Гејтс, која е најголема во светот со капитал од 50 милијарди американски долари, ги инвестира своите даночни ослободени долари во производители на вакцини, како што се Мерк, Новартис, Фајзер и ГСК.

Не е само СЗО

Филантропијата на Гејтс се прошири низ целиот свет. Така, надлежниот орган за лиценцирање во Швајцарија, „Свисмедик“, кој одлучува која вакцина и кои медицински помагала ќе се користат во таа земја, прифати средства од фондацијата Бил Гејтс, кои медиумите ги оценија како проблематични, бидејќи независноста на институцијата е најважна.

Донации од Фондацијата Гејтс стигнаа и до Кина, со чии власти соработува во областа на здравството.

Според Кесиќ, не само што е тешко да се оддели филантропот Гејтс од него како бизнисмен, туку тие се поврзани затоа што филантропијата се користи кога може да биде од интерес за бизнисот.

Тој забележува дека само во оваа здравствена криза добро се снајдоа само најбогатите кои заработија пари.

„Безос, Гејтс и другите заработија многу на берзата, но и затоа што не успеваат конкурентите, особено средните и малите, а потоа тие големи компании имаат контрола врз пазарот“, објаснува соговорникот на Спутник.

Профитабилна инвестиција во здравството

Минатата година, на сесијата на Светскиот економски форум во Давос, Гејтс изјави дека инвестирањето во здравствени организации со цел да се зголеми пристапот до вакцините е профитабилно. Во текот на изминатите две децении, неговата фондација донираше нешто повеќе од 10 милијарди долари, претежно во три сектори: Сојузот за вакцини, Фондот за боорба против  сида, тубберколоза и маларија и Иницијатива за искоренување на болести.

– Сметаме дека тоа беше победа од 20-1, што донесе 200 милијарди долари во текот на тие 20 години, рече Гејтс. Тој не пропушти да процени како е да им се помага на децата да живеат, да добијат здрава храна, приход што надминува секој типичен финансиски момент, но како вистински бизнисмен и милијардер, тој  заврши со  математиката.

Теории на заговор

Затоа теоретичарите на заговор веруваат дека она што сега ни се случува е само дизајнирано од Гејтс. Оние што го бранат велат дека теоретичарите на заговор му ставаат мета на челото. Кесиќ верува дека ставајќи се во позиција на главен орган за секое прашање, од државата до она што се однесува на поединецот, тој практично си постави цел.

– И кога тој беше во право и предупреди дека вирусот може да го сруши светот, луѓето го видоа тоа поинаку, токму затоа што тој инвестираше во тие лаборатории. Во тоа видоа заговор, верувајќи дека сè е резултат на заработувачката и желбата обична личност да воведе  нови правила, вели Кесиќ.

Кон крајот на август, на масовниот митинг во Германија, демонстрантите го нарекоа „светски здравствен диктатор“  кога треба да го исфрлиме.  Кесиќ забележува дека Гејтс припаѓа на глобалистичката политичка елита, која е меѓусебно поврзана и смета дека тој треба да продолжи да управува со светот како што тоа го правел во претходните три децении.

Како бизнисмен, или филантроп, тоа е помалку важно.