Хари не сака неговото семејство да заврши здробено од медиумите, како што се случи со принцезата Дајана, вели еден од најдобрите пријатели на принцот Хари.

– Кај Хари преовладуваше чувството на заштита на Арчи и неговата сопруга, тврди Начо Фигуерас, близок пријател на vојводата од Сасекс во специјална програма на АБЦ.

– Одлуката на Хари да го напушти Лондон и да замине за Канада, дошла само од желбата да ги заштити Меган Маркл и неговиот син Арчи. Многу страдаше од трагедијата на неговата мајка. Тој едноставно сака нормален живот, без десетици папараци кои го напаѓаат секгаш кога ќе го напушти домот“, вели понатаму еден од најдобрите пријатели на принцот, Начо Фигуерас, капитен на поло-тимот во кој игра војводата од Сасекс.

Начо зборувал со Хари ден пред да замине за Канада.