x

ФИБА најверојатно ќе ги одложи дуелите на Македонија во Талин?

todorov

Четворица позитивни кошаркари на Ковид-19 и еден сомнителен, засега е билансот од Талин. Нашите кошаркари и целиот стручен тим и натаму се во карантин во хотелот, се чекаат резултатите од уште неколку членови на „црвено-жолтата“ експедиција.

ФИБА има протоколи за мечевите во време на пандемија коронавирус, па ако го следиме примерот на Унгарија, која не ги одигра двата квалификациски меча во „балонот“ во Љубљана, поради петмина позитивни играчи на Ковид-19 и еден на стручниот штаб, во тој случај станува извесно дека и Македонија нема да излезе на терен.

Во овој момент би било голем ризик, бидејќи симптомите се јавуваат подоцна, па ФИБА нема да дозволи да се загрози здравјето на сите учесници. Дуелите со Русија и Естонија, најверојатно ќе ги одиграме во февруари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата