x

ФИБА ЛШ го објави списокот на учесници – најмногу има турски екипи!

ФИБА Лигата на шампионите го објави списокот од 28 клубови кои сигурно ќе учествуваат во сезоната 2020/21. Со преминот од Евролигата во ФИБА натпреварувањето Галатасарај, Ритас, Дарушафака, Лимож, Билбао, Тофаш и другите тимови допринесоа да биде зголемен квалитетот во ова елитно натпреварување.

Сигурни 28 учесници во групната фаза се
АЕК (Грција), Брос Бамберг (Германија), Сарагоса (Шпанија), Колет (Франција), Дарушафака (Турција), Сасари (Италија), Нимбурк (Чешка), Зомбатали (Унгарија), Остенде (Белгија), Фортенто Болоња (Италија) , Галатасарај (Турција), Хапоел Ерусалим (Израел), Хапоел Холон (Израел), Бриндизи (Италија), Тенерифе (Шпанија), Дижон (Франција), Лимож (Франција), Нижни Новгород (Русија), Перистери (Грција), Каршијака (Турција), Билбао (Шпанија), Ритас (Литванија), Бургос (Шпанија), Стразбур (Франција), Старт Лублин (Полска), Тофаш (Турција), Турк Телеком (Турција), ВЕФ Рига (Летонија).

На нив ќе им се придружат уште четири тимови кои ќе бидат познати преку квалификациите.
Учесници во квалификациите се:
Анвил (Полска), Бакен Берс Архус (Данска), Балкан Ботевград (Бугарија), Белфиус Монс-Хаино (Белгија), Днипро (Украина), Гронинген (Холандија), Фрибург Олимпик (Швајцарија), Хапоел Тел Авив (Израел), Игокеа (БИХ), Ираклис (Грција), Керанос (Кипар), Лондон Лајон (Англија), Нептунас (Литванија), Спортинг (Португалија), Цмоки-Минск (Белорусија), Клуж (Романија).
Освојувачот на трофејот ќе добие парична награда од 1,5 милиони евра.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата