x

ФИБА е ригорозна: Македонија и останатите во „балонот“ ќе може влезат под еден услов

mkd

Македонската кошаркарска репрезентација на 20. овој месец во Скопје ќе го има првиот собир во рамките на квалификациските мечеви за место на ЕП 2021 година. Селекторот, Александар Тодоров објави поширок список од 24 имиња, кој е има доста нови имиња.

Поради пандемијата коронавирус дел од кошаркарите не добија дозвола да и се приклучат на репрезентацијата, а Тодоров овојпат сака повеќе да се потпре на играчите од домашното првенство токму поради новонастанатата ситуација.

ФИБА за ноемврскиот прозорец кој ќе се игра во Талин е ригорозна, не сака да им создаде дополнителни проблеми на играчите. Нашиот национален тим, но и останатите противници ќе можат да влезат во „балонот“ само доколку имаат два негативни ПЦР тестови.

Веднаш по пристигнувањето македонската експедиција ќе направи ново тестирање, па дури потоа ќе може да се подготвува и да ги игра дуелите против Естонија на 28. овој месец и против Италија два дена подоцна.

Првите тестови дел од играчите ќе ги направат денеска во 14 часот,  пред официјалниот собир ПЦР тест ќе направат и членовите на МЗТ Скопје и Работнички кои се во Златибор. Како што налагаат правилата, пред заминување „црвено-жолтите“ ќе мора да имаат нови негативни резултати за да можат да патуваат, но и да го исполнат условот на ФИБА.

Македонија на стартот на квалификациите запиша два порази, од Естонија на домашен терен и од Русија на гости.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата