x

ФИБА Европа им додели две домаќинства, а ние немаме абер за младинските лиги

fiba

Бордот на ФИБА Европа одлучи на КФСМ да им додели органзиација на уште две младински европски првенства во текот на наредната година.

Ако условите го дозволат тоа, Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години. Турнир кој е планирано да се одржи во периодот од 13. до 21. август 2021 година, во Скопје.

Нашата федерација ќе го организира и Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки (Под 20 години). Настан кој треба да се реализира од 3. до 11. Јули, исто така во Скопје.

Овие две домаќинства доаѓаат во време кога младинските лиги се во длабок сон, а КФСМ и натаму нема никаков план, ниту најава за почеток на истите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата