x

ФИБА ги одложи дуелите на Унгарците поради пет позитивни случаи на Ковид-19

fiba

Додека ја чекаме целата разврска во Талин и потврдата дали има новозаразени кошаркари во таборот на македонската репрезентација, откако вчера Љубомир Младеновски беше позитивен на Ковид-10, а Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли имаа сомнителни резултати по брзите тестови, да потсетиме дека нашата селекција не е единствената која се соочува со ваков проблем.

Унгарија поради шест позитивни случаи, од кои петмина играчи не ги игра квалификациските дуели во рамките на ноемвриоскиот прозорец, истите се одложени за февруари.

Оваа селекција требаше да ги одмери силите против Австрија и против Словенија.

ФИБА има правила кога станува збор за заразени кошаркари со Ковид-19. Доколку Македонија остане на бројката три, во тој случај извесно е дека мора да излеземе на терен, доколку бројката е поголема во тој случај нашите момци ќе се вратат назад.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата