За овој потег размислуваат поради пониските трошоци за работната сила, со што ќе се зголеми капацитетот за производството на луксузни модели во Италија, тврдат неименувани извори од компанијата. „Фиат” може да го прекине производството на популарниот модел „Панда” во својата фабрика Помиљано во близина на Неапол, за да ослободи капацитети за луксузниот бренд „Алфа-Ромео”.