Трикратниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел (Ред Бул) се пошегува со новинарите за време на претставувањето на новиот болид. Но, неговата шега би можела да му се одбие од глава, бидејќи може да налути некои организации. Тој на прашањето што мисли за светската доминација, одговори:
– Светска доминација? Јас сум Германец, но никогаш ништо слично немам кажано, а немам ни мустаќи, изјави Фетел.
Сите сфатија на кого алудира најмладиот трикратен шампион во Формула 1. Германецот кој беше опседнат од светската доминација, па ја предизвика Втората светска војна.
Фетел со новиот болид РБ9 ќе ја започне трката за четвртата титула на 17 март кога на програмата е ГН на Австралија во Мелбурн.