x

„Фергусон не го сакаше Реал, затоа го понудил Роналдо на Барселона“

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон тврди дека малку недостасувало Кристијано Роналдо наместо во Реал, да заврши во Барселона, и тоа по барање на Алекс Фергусон, екс менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Откако било јасно дека Кристијано сака да си оди од Олд Трафорд, тој правел напори Барселона да го ангажира Португалецот, но на крајот победила желбата на Роналдо да оди во Мадрид.

„Алекс не сакаше да го пушти Роналдо, но кога сфати дека не може да го задржи, односно дека тој сака да си замине, неговата желба не беше Реал Мадрид. Затоа тој го понуди на Барселона. Но, Роналдо сакаше во Реал Мадрид и неговата желба победи. Тој му рекол на Фергусон дека веќе дал збор на Калдерон, и дека нема да го прекрши, а потоа Ферги целосно ја испочитувал неговата одлука“, рече Калдерон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата