Светот се запозна со моќта на “W 07 сребрена стрела” и сите знаат дека со години наназад никој не може ни да замисли да му конкурира на шампионскиот тим кој е под водство на Тото Волф и Ники Лауда. Токму во врска со тоа, поранешниот претседател на Скудерија, Лука ди Монтецемоло, тврди дека Ники Лауда му признал дека “Дајмлер” започнал да ги развива В6 хибридите дури шест години пред влезот на оваа технологија во натпреварувањето.

Лауда неодамна ми призна дека Мерцедес работи на хибридните В6 мотори уште од 2007 година. Поради тоа беа нефлексибилни при преговорите околу новите правила, изјави Монтецемоло, кој во 2014 година “наседнал” на играта и прифатил да застане на страната на “Дајмлер” кој тогаш лобираше да се воведат В6 хибридите во натпреварувањето.

Италијанецот призна дека делумно е одговорен за големиот пад на Ферари.

Така е, тогаш направивме огромна грешка. Чувствував во тој момент дека Ферари не може да се противи на развојот на новите технологии. Се водев по логиката дека Ферари кој се плаши од предизвиците, не е мојот Ферари, додаде Монтецемоло.