Познатата аукциска куќа од Лондон „Сотби” закажа аукција посветена на марката од Маранело. Терминот е веќе закажан за 23. мај следната година во 18 часот, а на продажба ќе се понудат многу предмети што се поврзани со ергелата „Ферари”, па дури и болиди. Заинтересираните се известуваат дека аукцијата ќе се одржи во логистичката зграда на „Ферари” на патеката „Фиорано” во близина на Модена, каде се родени многу од престижните спортски и натпреварувачки автомобили под знакот на разиграното коњче. Реквизитите за мајската продажба ги обезбедува „Ферари”, а тие се повеќе од вредни бидејќи &”241; припаѓаат на богатата историја на марката. На листата за продажба се автомобили од времето на Енцо Ферари, од првите автомобили до најфините машини кои победуваа на Формула 1 патеките. Една од нив е „ф2004″ со која Михаел Шумахер годинава победи на трките во Австралија, Малезија, Сан Марино, Шпанија и Бахреин. Продажбата на „ф2004″ ќе биде прва во историјата на марката, која се продава веднаш по сезоната. Во пописот на реквизитите се најде и историскиот „Ферари 412с” од 1958. Сите автомобили одредени за продажба ќе бидат прегледани од инженерите на компанијата. Значи, со гаранција!