Раководството на тимот од Формула 1 Ферари има намера да му предложи договор за уште една сезона на првиот пилот Михаел Шумахер. За таа цел босовите на тимот се готови да му предложат на Германецот сума од 30 милиони евра. Познато е дека сегашниот договор на седумкратниот Ф1 шампион со Ферари е до 2006 г. Шуми се уште не зборува за своите идни планови, иако го отфрли предлогот на Ален Прост да ја заврши натпреварувачката кариера на крајот од сезонава. Меѓутоа, техничкиот директор на Ферари Рос Браун, вели дека решението исклучиво ќе биде на Шуми и тој нема да биде притискан за тоа.