x

ФЕНОМЕН – Има 24 години и дури 20 трофеи!

kingsli-koman

Францускиот напаѓач Кингсли Коман беше стрелец на победничкиот гол за Баерн во дуелот со ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите (1:0) и така им ја донесе на „баварците“ шестата европска титула. Интересно е што за овој играч немаше место во ПСЖ, па замина во Јувентус каде што исто така не добиваше голема минутажа. Баерн го собра во своите редови, а синоќа го казни својот тим во најважниот меч во историјата.

Коман ја освои првата титула во Лигата на шампионите. Тоа е убаво, а уште поубаво звучи фактот дека на свој 24 години освои дури 20 трофеи со три клубови. Со ПСЖ двапати беше шампион на Франција, еднаш го освои Лига купот, а еднаш Суперкупот на Франција. Потоа со Јувентус освои две „скудета“, по еднаш Купот на Италија и Суперкупот на Италија.

Со Баерн „растура“: пет шампионски титули во Германија, четири национални купови, три Суперкупа на Германија и сега Лигата на шампионите.

Вкупно – 20 ТРОФЕЈА! И тоа на 24 години. Па тоа не го направиле и многу поголеми ѕвезди од Коман.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата